Потребно е:
- 1 излупена праска
- 5 лажици овесни снегулки
- 2 лажици кокосов чипс
- 2 лажици чиа семе
- пола авокадо, исецкано на тенки ленти
- 150-200мл вода
- Пресечете ја праската на пола и отстранете ја семката. ¾ од праската исечете на коцки и ставете ги во мал сад на рингла.
- Додадете ги овесните снегулки, кокосовиот чипс, чија семето и пола од водата гответе ги на среден оган, постојано мешајќи додека не омекне овесот.
- Додека овесната каша се подготвува, исецкајте го остатокот од праската на тенки парчиња и авокадото на тенки полумесечини.
- Кога овесната каша е готова, ставете ја во соодветен сад и најгоре ставете ги парчињата праска и авокадо. По ваша желба додадете гоџи или бадеми. Доколку не ви е доволно благо, додадете лажица агаве сируп.