
После секое вежбање, но особено по тренинг со висок интензитет (HIIT), многу е важно да се напиеме нешто што ќе ги опорави мускулите од напорниот тренинг и ќе ни ја врати енергијата.
Авокадо-банана смутито е прав избор!
Потребно е:
- 60 гр авокадо
- ½ лажица мед
- ½ банана
- 30мл бадемово млеко
- 1 дозерка whey протеин изолат
- 1 рака мраз
Ставете се во блендер и уживајте!
Содржи:
- 347 калории
- 31гр јаглехидрати
- 31гр. протеини
- 11гр. масти