Пред да одлучите да се фрлите на некоја од популарните диети, имам еден совет за вас
За повеќето луѓе броењето на калории, јаглехидрати или протеини не е ни малку забавно. Не ми било забавно ни мене. Затоа пред да решите да држите одредена диета, сакам да го направите следново.
Започнете да запишувате што се јадете и пиете во еден ден. Запишувајте една недела и погледнете што ќе се случи.
- Научно е докажано дека свесноста за тоа што и колку внесуваме повеќе ефект има врз слабеењето од која било диета.
Многу научни статии покажале дека со ниедна диета нема да станете толку свесни што се внесувате колку водењето на ваков дневник за исхрана.
2. Ќе станете свесни за големината на порциите кои ги јадете.
Не е исто ако јадете нормална порција и дупла порција, дури и доколку тоа било здрава храна. Следен пат одлуката за количината на храна ќе ја донесете посовесно.
3. Ќе ги откриете грешките кои ги правите во однос на вашата исхрана.
Пишувајќи што се јадете и пиете ќе откриете колку екстра ужинки или празни калории внесувате без да помислите дали треба или не тоа да го внесете. Сите тие кафиња (со шеќер) или здрави но калорични смути напитоци или здрави барови имаат калории на кои вие не помислувате, а сте на диета.
4. Ќе откриете каде грешите во однос на распоредот на оброците.
Прескокнувањето на оброците, спојување на ручек и вечера, дупли ужинки и слично ви се случува секојдневно. Тоа значително влијае врз ефектот од планот за исхрана.