Се повеќе деца и возрасни се борат со физички деформитети и дефекти, и разни дисфункции на локомоторниот систем. Сето тоа е поврзано со брзото темпо на живот, стресот, премалата и ограничена количина на физичка активност.
И најважно – недостатокот на внимание околу држењето на телото. Нашата програма за корективна гимнастика се стреми да го реши овој проблем. Часовите по корективна гимнастика се наменети и за деца и за возрасни.