ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ
Начинот на кој ние се грижиме за најмладите членови во нашиот клуб е одраз на она што најмногу го цениме – фитнес и здравје за целото семејство. Додека другите спортски сали може да обезбедат место за дружење на вашите деца додека вежбате, ние им нудиме на нашите најмлади членови програми и удобности дизајнирани токму за нив! Нашата цел е да обезбедиме удобно и опуштено одржување на часови и тренинзи каде што вашите деца ќе имаат можност да запознаат нови пријатели и да бидат дел од широк спектар на активности – што на крај на денот би создала одлична основа за учење на нови и здрави навики.
Децата кои уживаат во спортот и вежбањето имаат тенденција да останат активни во текот на целиот свој живот. Започнувањето со вежбање од млади години може да го подобри школскиот успех, гради самодоверба, спречува дебелина и го намалува ризикот од сериозни болести како што се висок крвен притисок, дијабетес и срцеви заболувања подоцна во животото.
Дознајте повеќе за нашата програма