Враќањето на старите добри навики после одмор знае да биде тешко.
Првото вежбање во теретана после одмор или после подолг временски период може да биде тешко и треба да биде со доза на претпазливост. Задолжително е загревањето на кардио машина, било тоа да е велосипед, трака за трчање, орбитрек или степер во времетраење од најмалку 15 минути. Препорачливо е и изведување на неколку вежби за истегнување пред со кои ќе го опфатете цело тело, со цел да се заштити телото од повреди и припреми подигнување на тежини.
Еве неколку начини како да останете мотивирани:
- Поставете си реална цел!
- Одредете си време во кое секој ден ќе вежбате.
- Внесете промена и разноликост во тренинзите.
- Најдете си друштво за вежбање.