Правила

Правила за користење на апликацијата

1. Корисниците на апликацијата превземаат целосна одговорност за точноста на своите лични податоци. Проект Фит Скопје не одговара при настаната штета по здравјето на клиентите доколку клиентот не бил транспарентен во однос на точноста на податоците кои се потребни за изготвување на персонализиран план за исхрана и/или тренинг.

2. Уплатата на чланарината на www.mirkoprojectfit.com може да се изврши по електронски пат со плаќање на виртуелниот пост терминал со кредитна/дебитна картчика(Visa, MasterCard, Diners) или со уплата на жиро-сметката на Проект Фит Скопје со претходно изготвена фактура.

3. Проект Фит Скопје е должен да ви ја изготви потребната програма во период од 72 часа од моментот кога вие ќе извршите уплата и ги комплетирате податоците на вашиот профил. Во спротивно Проект Фит Скопје е должен да ви го продолжи времетраењето на чланарината за толку време за колку ќе биде закаснато со изготвувањето на вашата програма. Доколку клиентот не ги пополни потребните информации во неговиот профил за изготвување на избраниот план за исхрана и/или тренинг во наредните 10 дена од моментот на уплата, Проект Фит Скопје не е должен да ви креира план за исхрана/тренинг и профилот ќе биде избришан од базата на податоци.

4. Плановите за тренинг и исхрана изготвени од Проект Фит Скопје се во времетраење од 30 дена. По истекот на 30 дена потребна е повторна уплата за да се продолжи пристапот до апликацијата. Доколку уплатата не е извршена во наредните 5 работни дена по истекот на чланарината, профилите трајно се бришат од базата на податоци на Проект Фит Скопје.

5. Клиентите се должни да ги прочитаaт “правата на користење” и “најчесто поставувани прашања” пред да бараат објаснување на Live Chat.

6. Клиентите се должни за редовно ажурирање на личните мерки и додавање на слики за споредба на Проект Фит Скопје како вашиот тренер би имал доволно информации за да може да го следи вашиот напредок и да интервенира кога има потреба од тоа. До сликите пристап има само вашиот тренер и истите не смеат да се користат за никакви цели се додека не се добие ваша писмена согласност.

7. Рецептите и тренинзите се за индивидуална употреба. Секој вид на злоупотреба и/или ширење на податоците од програмите на www.mirkoprojectfit.com ќе бидат предмет на кривично гонење за кое надлежен е Основниот Суд Скопје.

8. Апликацијата и изготвувањето на програмите за тренинг и исхрана се наменети за сите здрави лица. Доколку имате некое хронично заболување консултирајте се со вашиот лекар пред да уплатите за нашите услуги бидејќи Проект Фит Скопје не одговара за штетата настаната по здравјето на клиентите со претходни коморбидитети.

9. Проект Фит Скопје се оградува од секоја штета направена по здравјето на клиентите доколку истите користат недозволени наркотични средства и/или стероиди вклучувајќи и стимуланси(голема доза на кофеин, топачи на масти, Pre-workout суплементи и сл.) кои можат негативно да влијаат по здравјето на корисникот.

 

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Проект Фит Скопје ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ. Секоја промена на Политиките ќе биде објавена на интернет страницата на Проект Фит Скопје. Политиките за користење на системот за електронска трговија, ќе се објават на интернет страницата на Проект Фит Скопје, www.mirkoprojectfit.com

Политика на приватност

Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Проект Фит Скопје ги собира, користи и обработува податоците собрани од поситителите на нашата интернет страна

Кои информации ги собираме?

За време на посетата на интернет страната, Вашата приватност целосно се почитува. При посета на интернет страната www.mirkoprojectfit.com, ние ги обработуваме Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и информации за контакт), само доколку доброволно ги дадете преку регистрирање/најава на нашата интернет страна, заради користење на нашите услуги. Проект Фит Скопје ги обработува Вашите лични податоци со намера за подобрување на корисничкото искуство преку унапредување на квалитетот на услугата, односно поефикасно одговарање на Вашите барања и давање на потребната поддршка при користење на интернет страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа. Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Обработка на Вашите лични податоци за друга цел, може да се врши единствено врз основа на Ваша претходна согласност.

На кој начин се врши обработката на личните податоци?

Обработката на Вашите лични податоци Проект Фит Скопје ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага. Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, согласно со законски предвидената постапка.

Други информации

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници. При посетата на интернет страната од корисниците, Проект Фит Скопје може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификауваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната.

 

Колачиња на пребарувачот на интернет Колачиња (“cookies”) се мали текстуални фајлови кои се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Со помош на колачињата Проект Фит Скопје го следи движењето на посетителите на интернет страната и на тој начин собира податоци за подобро разбирање за користењето на интернет страната од страна на посетителите, со цел да се подобри корисничкото искуство, да се оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страната. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме Вашиот интернет пребарувач, при следната посета на интернет страната. Колачињата може да ги зачуваат Вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Проект Фит Скопје има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страната и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на овој документ. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Контакт

Доколку сакате Вашите податоци да бидат корегирани или избришани или доколку имате какви било прашања или предлози од областа на заштитата на личните податоци, можете да нè контактирате на следната електронска адреса: mirko_petrovski@yahoo.com.

Напоменуваме дека електронската адреса од која што ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и содржината на Вашите барања или предлози, нема да бидат искористени за ниту една друга цел освен за да Ви одговориме на Вашето барање, прашање или предлог упатен до нас.