Се враќаме во теретана!

По три и пол месечна пауза, конечно може да се вратиме во теретана! Почитувајте ги новите препораки и ќе бидете безбедни:

  • Закажете го својот термин!
  • Одржувајте дистанца!
  • Пред и после себе дезинфицирајте!
  • Носете сопствен пешкир.
  • Не се задржувајте повеќе од неопходното време за тренинг!

Еве и некој совет во однос на тренингот:

  • Првата недела воведете го телото во тренинг.
  • Задолжително загрејте го телото пред вежбање.
  • Вежбајте ги сите мускулни групи по две серии, по 12-15 повторувања.
  • Правете поголема пауза помеѓу сериите.
  • На крај на тренинг истегнете ги мускулите.

Како да останете во добра форма ова лето

Колку и да не сме свесни, летото е тука! Повеќето вежбачи поминуваат повеќе месеци вложувајќи многу труд (освен за своето здравје) и за да изгледаат убаво на плажа. Оваа година пролетта ни помина под хаштаг #останидома. Кој беше редовен во тренинзите пред да настане кризата со Корона вирусот успеа некако вежбајќи по дома да ја одржи својата форма. Сега веќе фитнес клубовите се отворени и може вежбачите да се вратат во нормала со тренинзите почитувајќи ги препораките за заштита од Covid19 и да го подобрат меѓудругото и своето ментално здравје.

Иако ова лето ќе нема  журки и луди одмори,  сепак поради високите температури се почесто наоѓаме изговори за да го прескокнеме тренингот.

Еве неколку совети како да останете во форма ова лето:

1. Не наоѓајте изговори, туку најдете време за вежбање.

Некаде помеѓу првото утринско кафе и првото пиво на плажа најдете време за тренинг. Најлесно е да го одложите тренингот  до утре или да си кажете дека летото е за одмор. Но најдобро е да се активирате уште рано наутро и да изработите еден кружен тренинг. Па после може да тече денот како ќе посакате, ќе се чувствувате полни со енергија, задоволни од себе си и полни со самодоверба.

Зависно од тоа каде сте, може да возите велосипед, да џогирате, да пливате во базен или да планинарите. Може да биде од помош ако си земете и пријател со вас.

2. Бидете редовни.

Тоа не значи дека мора да вежбате секој ден. Редовно вежбање значи дека имате одредени денови и одреден распоред според кој тренирате.  Доколку ви излезат некои обврски наутро, одвојте време за тренинг попладне.  Колку почесто вежбате, толку се помали шансите да прекинете со физичка активност.

3. Искористете ја достапноста на информации.

 Читајте, истражувајте, гледајте видеа и воведете некоја нова вежба или нов начин на тренинг. Новите тренинзи ќе ве мотивираат и ќе ви бидат предизвик.

4. Задржете ги добрите навики за здрава храна.

Во лето лесно може да се излажеме да пробаме еден сладолед или да одиме на скара кај пријателите. Сепак имајте на ум дека храната е најважниот дел од одржување на вашата форма. Здравата храна заедно со редовното вежбање се добитна комбинација за убав изглед ова лето. Не заборавајте да ги тргнете на страна грицките и нездравите ужинки и да ги замените со сезонско овошје.

5. Забавувајте се!

Основна причина зошто луѓето се не се редовни во физичката активност е бидејќи им се здосадуваат едни-исти вежби, иста активност и сл.  Да се биде активен немора да значи дека треба да се прави ист тренинг секој ден. Внесете нешто ново! Пробајте нешто ново! Само така ќе дознаете што најмногу ви одговара на Вас.

Кружен тренинг за цело тело

20 клекнувања

20 исчекор во место

20 склекови

20 згибови

20 летање во страна

20 бицепс прегиб

20 пропаѓања за трицепс

20 стомачни контранции

Сите вежби изведете ги една по друга без пауза. После последната вежба направете пауза од 30-45 секунди и почнете го следниот круг на вежби. Направете 3-5 круга, кој колку може зависно од вашата кондиција.

Колку вода навистина ви треба?

На сите ви е познато дека водата ни е неоходна и најголем проблем е тоа што не ја пиеме доволно. Познато е дека потребни ни се барем 8 чаши вода дневно.

Водата е екстремно важна за вашето тело особено за оние кои имаат вишок телесна маса и за оние кои вежбаат.

Знаци на дехидратација се: главоболка, грчеви во мускулите, малаксаност, темна боја на урина и сл. Хидрирате го телото пред да ги почувствувате овие знаци.

Освен пиењето вода, водата може да ја внесете и преку храна. Во храна богата со вода спаѓаат: краставиците- 96% вода,  патлиџан- 95% вода, спанаќ- 93% вода, печурки – 92% вода , лубеница – 91% вода, брокула-90% вода ,портокали – 86% вода, јаболка- 85% вода, боровница-84% вода. 

Смути за хидратација на телото

Потребно е:

  • ½ ананас
  • ¼ лубеница
  • 1 краставица
  • 1 лимон
  • 2,5 см свеж ѓумбир

Начин на подготвување:

  1. Тргнете ја кората од ананасот, лимонот, лубеницата и излупете ги краставицата и ѓумбирот.
  2. Ставете се во соковник.

3. Уживајте!

СПОДЕЛИ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тренинг на плажа

Одморите започнаа. Во чест на сончевото време и пријатните теператури додека сте на одмор искористете да извежбате некој тренинг на плажа. Освен убавиот поглед и

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ »