Суплементи кои имаат синергетско дејство

This image has an empty alt attribute; its file name is suplements.jpg

Квалитетните додатоци во исхраната имаат големо влијание врз остварувањето на вашата цел. Полезно е да знаете дека постојат суплементи кои кога се земаат заедно делуваат многу поефикасно, отколку ако се земаат поединечно.

Најдобра комбинација за зголемување на мускулна маса и сила:

Креатин + бета-аланин

Креатинот е познат по способноста да ја зголеми мускулната маса и сила. Многу вежбачи го користат заради тоа што им го подобрува интензитетот  на вежбање и е многу добар за опоравок после вежбање.  Бета аланинот ја зголемува мускулната маса и издржливоста при изведување анаеробни или аеробни вежби, стимулира генерирање на поголема количина на енергија , го намалува заморот и ќе ви овозможи долг и квалитетен тренинг.

Заедно,  креатинот и бета аланинот не само што го зголемуваат целокупниот перформанс од вежбањето туку ќе ја зголемат мускулната маса, а ги намалуваат наталожените масти многу повеќе отколку кога се пие само еден од овие суплементи.

Најдобра комбинација за опоравок после вежбање:

Казеин  + пробиотик

Бавно разложувачкиот протеин – казеин е најпознат по карактеристиката дека му овозможува на телото подолго време снабдување на телото со хранливи материи, амино киселини кои пак го помагаат растот на мускулите и нивниот опоравок. Многумина пијат пробиотици за да го подобрат варењето на храната. Доколку ги земете заедно казеинот и пробиотиците , очекувајте чувство на намалена мускулна напнатост и побрз опоравок од напорниот тренинг.

Најдобра комбинација за фокус:

Кофеин  + Л-теанин

На сите ви е добро познат дејството на кофеинот. Без разлика дали ќе го внесете дома како додаток во исхраната, во најблиското кафуле преку кафе  или преку внесување на суплементи за пред вежбање, ефектот од внесениот кофеин веднаш го чувствувате.

Л-теанинот, инаку амино киселина која ја има во чајот и повеќето суплементи за пред тренинг, е уникатен заради тоа што ја одржува концентацијата на високо ниво, а во исто време мозокот е релаксиран.

Комбинацијата од кофеин и л-танин ќе ви даде поголем фокус, а во исто време релаксираност и добро расположение.

Најдобра комбинација за топење на масти:

Екстракт од зелен чај + Кофеин

Суплемнетите за топење масти редовно во себе содржат кофеин бидејќи го зголемува нивото на енергија и го продолжува времето на разложување на мастите. А екстрактот од зелен чај ќе ви го забрза метаболизнот и ќе трошите многу повеќе калории за време на тренинг.

Затоа ако сте за слабеење оваа комбинација е идеална!

СПОДЕЛИ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on pinterest
Pinterest
Share on linkedin
LinkedIn

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ